За акцијата

1. Што е Часот на планетата Земја?

Часот на планетата Земја е најголемата светска волонтерска акција која има за цел да испрати силна порака за спас на планетата Земја. Оваа акција започнува како локален настан во Сиднеј, Австралија во далечната 2007 година, за од тогаш да прерасне во најголемата акција која обединува над 7000 градови и 162 земји ширум светот.

2. Кога е Часот на планетата Земја?

Часот на планетата Земја 2015 се одржува последната сабота во месец март. Оваа година датумот е 28 март кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат илјадници локации ширум светот.

3. Што се обидува да постигне Часот на планетата Земја?

Часот на планетата Земја ги охрабрува луѓето да се вклучат во глобална иницијатива и заедно да ја употребат својата моќ со која можат да направат промени и да ја спасат планетата Земја.

4. Како можам да се вклучам во Часот на планетата Земја?

Првата работа што можеш да ја направиш е да ги исклучиш светилките на 28 март во 20:30 часот. Но, можеш да направиш уште многу работи. Сподели го нашето официјално видео, покани ги твоите пријатели на официјалниот фејсбук настан, приклучи нѝ се на славењето на некоја од локациите кои ќе бидат исклучени или помогни во организирањето на настанот. Твојата визија може да ни помогне да направи поуспешна акција!

5. Колку години по ред се одржува Часот на планетата Земја?

Првата акција беше одржана на 31 март 2007 година од страна на WWF Австралија, инспирана од граѓаните на Сиднеј да направат промена и да ја спасат планетата Земја со симболично исклучување на осветлувањето. Над 2,2 милиони луѓе се вклучија во акцијата и од тој момент Часот на планетата Земја станува акција поддржана од целиот свет.

6. Што во врска со безбедноста? Не е несигурно да се исклучат светилките? Кое осветлување може да се исклучи?

Наша приоритет е безбедноста. Ние бараме да се исклучи само тоа осветлување кое нема да влијание на јавната безбедност – како илуминација на јавни објекти, споменици, паркови, институции, реклами, излози. Доколку ги исклучувате светилките во вашиот дом, внимавајте да не се повредите!
Часот на планетата Земја никогаш нема да дозволи да се исклучи осветлувањето и електричната енергија на булеварите, сообраќајните светла, освлетувањето за авијацијата, болниците, полицијата и останати локации од интерес на јавноста.

7. Дали мојот град целосно ќе потоне во мрак за Часот на планетата Земја?

Не, напротив! Целта на акцијата не е да се направи целосен мрак. Часот на планетата Земја е акција од волонтерски карактер и симболиката во исклучувањето на осветлувањето е да се испрати порака за значајноста на електричната енергија и сериозноста на климатските промени.
Во мрак ќе потонат само одреден број на локации кои во никој случај нема да ја нарушат јавната безбедност, а во исто време ќе бидат одлична можност за промоција на нашата акција.

8. Ако целиот свет во исто време го исклучи осветлувањето, дали може да настане проблем во дистрибуцијата на електрична енергија?

Луѓето ширум светот го слават Часот на планетата Земја во различни часовни зони. Нашето искуство кажува дека после неколку години работа, до сега се нема случено никаков сериозен проблем при дистрибуција на електричната енергија.

9. Кој може да учествува?

Часот на планетата Земја е акција за секого кој сака да помогне во испраќање на пораката за спас на планетата Земја.

10. Часот на планетата Земја добива рекламен простор и рекламен материјал кој вреди многу? Кој го плаќа сето тоа?

Благодарение на нашите партнери ширум светот, Часот на планетата Земја успева секоја година да добие рекламен простор вреден неколку милијарди долари. Целта е да се мотивираат и медиумите и огласувачите да дадат свој придонес во организација на оваа акција.

11. Што значи логото на Часот на планетата Земја?

Логото на Часот на планетата Земја, 60+, ги изначува 60-те минути на исклучено осветлување, а знакот плус симболизира на ефектот кој го постигнува акцијата надвор од тие 60 минути.

Имате дополнителни прашања? Можете да нѐ контактирате во секое време со клик тука.

Следи нѐ секаде!

youtubeinstagram