Димитар Атанасовски, Снеже Велков и Татјана Алексиќ ќе ги исклучат светилките за Часот на планетата Земја

Added by Earth Hour Macedonia on 16th March 2014 in the category Прес.

Многу познати личности од Македонија и регионот, оваа година ќе ја поддржат акцијата Часот на планетата Земја во Македонија, и ќе ги исклучат светилките на 29 март во 20:30 часот.

Денеска имаме чест да ви ги најавиме нашите први медиумски амбасадори, кои преку видео порака ги повикуваат граѓаните на вклучување во акцијата.

Во Часот на планетата Земја се вклучуваат познатиот водител Димитар Атанасовски заедно со својот партнер од шоуто “Танц со ѕвездите“ Јована Василева, професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ, позната по телевизиското појавување во емисиите “Кажи ако смееш“ и “Сексуална азбука“, како и најпознатата Македонка во шоуто Х-Фактор, водителката Снеже Велков.

Тие ве повикуваат да се вклучите во акцијата Часот на планетата Земја и да ги исклучите светилките, како симболична порака за спас на земајта.

Не треба да имате Х-Фактор за да ја спасите планетата, вели Снеже Велков, додека професорката Алексиќ додава дека има нешто еротско и во штедењето на струја.

– “Ова е само првата тројка од видео пораки кои се објавуваат во рамки на кампањата “Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“ поврзана со активностите на Часот на планетата Земја во Македонија. Наредните денови ќе објавиме три нови познати личности кои ја поддржуваат нашата акција и иницијатива за спас на планетата Земја.“ – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на Часот на планетата Земја во Македонија.
Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата.

Оваа година, акцијата се одржува на 29 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 154 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.

Следи нѐ секаде!

youtubeinstagram