Време е за #EarthHourMK 2021!

Added by Earth Hour Macedonia on 21st February 2021 in the category Прес.

2021 година е посебна година за Часот на планетата Земја – прочитајте за да дознаете зошто:

Виртуелен „спотлајт“

Нашиот прв „Виртуелен спотлајт“ за Часот на планетата Земја

Со текот на годините, моментот на исклучување на светилките стана непопустлива глетка што го привлекува вниманието на јавноста кон уништувањето на природата и климатската криза.

Оваа година – поради глобалните случувања поврзи со корона пандемијата – ве покануваме да се вклучите во акцијата и да ја создадеме истата непопустлива глетка на Интернет, така што светот ќе ја види нашата планета, проблемите со кои се соочуваме и нашето место во неа, во ново светло.

? Како? Едноставно е. Ноќта на Часот на планетата Земја (27 март), ќе објавиме видео што ќе биде поставено на сите наши страници на социјалните мрежи – и сè што треба да направите е да го споделите.

Споделете го на вашите „story“ или на вашиот ѕид, ретвитнете го на Твитер, испратете го преку ДМ, означете пријатели во коментарите – изборот е ваш!

?? Нашата цел е едноставна: ставете го центарот на вниманието на нашата планета и направете го на 27 март најгледаното видео во светот (или пошироко!) за што повеќе луѓе да ја слушнат нашата порака!

✅ Бидете сигурни да нè следите на Instagram / Facebook / Twitter за да останете ажурирани!

Тоа е тајна засега, но можеби ќе споделиме „сникпик“ на нашите социјални мрежи следниот период.Сепак, можеме да ги споделиме нашите две цели за ова видео:1. Помогнете им на другите - особено на оние кои не се еколошки свесни - да ја видат нивната улога во планетарната криза во ново светло!2. Изградете импулс кон Конференцијата на Обединетите нации за биодиверзитет подоцна во текот на годината - конференција на која светските лидери ќе имаат можност да обезбедат меѓународна обврска за заштита и обновување на природата до 2030 година.
Иако многу би ценеле ако го споделите видеото јавно за да го видат сите ваши пријатели и следбеници, не морате ако не сакате!Едноставно, можете да ги означите пријателите во коментар или да ги испратите видеата преку директна порака (ДМ).Без разлика дали го споделувате видеото со една личност, десет луѓе, сто или илјада, знајте дека ќе ни помогнете да го ставиме фокусот на планетата Земја во моментите кога е најпотребно.
Покрај споделувањето преку директна порака (ДМ) или @ тагирање на вашите пријатели во коментарите, можете да го споделите и нашето видео на вашето „стори“! Еве како:

Следи нѐ секаде!

youtubeinstagram