Известување за јавноста – Часот на планетата Земја 2022

Added by Earth Hour Macedonia on 22nd March 2022 in the category Прес.

Оваа година одбележувањето на Часот на планетата Земја се случува во навистина тешки и предизвикувачки времиња за човештвото.

Акцијата, која започнува од веќе далечната 2007 година во градот Сиднеј, оваа година требаше да обедини повеќе од 190 земји ширум светот во момент на солидарност за планетата Земја.

Во сржта на своето постоење, Часот на планетата Земја е креирана за да го обедини човештвото во момент на солидарност во знак на поддршка за луѓето и природата. Нашата визија отсекогаш била креирање на позитивно влијание за менување на климатските промени и зачувување на единствената планета која ја нарекуваме наш дом.

Во овие предизвикувачки и тешки времиња, решивме оваа година да дадеме приоритет на луѓето.

Навистина сме тажни и загрижени поради конфликтот во Украина, и нашите мисли се со народот на Украина и со сите оние кои се засегнати од тековната ситуација.

Сметаме дека сега не е моментот климатските промени да бидат ставени во фокусот, па поради тоа локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија се придружи кон одлуката на голем број земји ширум регионот, Европа и светот, оваа година во знак на поддршка и солидарност на тековната светска криза да не го одржи едночасовното исклучување на осветлувањето и прославата на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја.

Часот на планетата Земја отсекогаш имал славенички тон и ги повикувал луѓето да учествуваат во обедување за спас на природата и планетата Земја. Оваа година, како одговор на конфликтите во Украина, нашиот тон е сочувствителен, обединувајќи се во глобална солидарност. Важно е да се нагласи дека законите на природата се нарушуваат и кога ја уништуваме природата, но и кога ги уништуваме луѓето. Нашето мото е – природата и луѓето.

Сепак, акцијата Часот на планетата Земја на глобално ниво ќе понуди уште еден момент за солидарност и можност да се здружиме, да се грижиме еден за друг и за единствениот дом што сите го делиме. Благосостојбата и здравјето на нашите поддржувачи и персонал е наш главен приоритет. Стоиме во солидарност и поддршка на нашите глобални заедници и ги охрабруваме сите безбедно да учествуваат во Часот на планетата Земја, за да помогнеме да се изгради свет каде што сите луѓе и природата живеат во хармонија.

Поради тоа, сите оние кои сакаат симболично да се вклучат во најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, ги повикуваме да ги исклучат светилките во своите домови на 26 март во период од еден час, од 20:30 до 21:30 часот.

Следи нѐ секаде!

youtubeinstagram