Испрати фотографија/видео

Добредојдовте во апликацијата за испраќање фотографии/видео материјали за Часот на планетата Земја!

Пред да испратите материјали, ве молиме симнете ги и прочитајте ги ИНСТРУКЦИИТЕ ЗА СЛИКАЊЕ И СНИМАЊЕ!

ЗАБЕЛЕШКА: Ако испраќате поголем број фотографии и видеа и истите надминуваат над 20 МЕГАБАЈТИ ве молиме да ги испратите преку останатите опции објаснети подолу. 

Испратените материјали испратени до 23:56 на 19 март 2016 ќе бидат употребени за промоција на акцијата и испратени до седиштето на акцијата во Сингапур. Сите материјали кои ќе пристигнат подоцна ќе бидат процесирани следниот ден!

1.ОНЛАЈН АПЛИКАЦИЈА (фајлови до 20 МЕГАБАЈТИ)

[cloudwok ref=1]

2. ПРЕКУ ЕМАИЛ (фајлови до 20 МЕГАБАЈТИ)

Доколку испраќате повеќе фотографии/видеа, ве молиме не ги компресирајте (зипувајте), туку прикачете ги една по една.

ФОТОГРАФИИ: Испратете меил со наслов – Локација__Име__Презиме и опис од фотографијата како содржина на меилот на [email protected]

ВИДЕО: Испратете меил со наслов – Локација__Име__Презиме и опис од видеото како содржина на меилот на [email protected]bsites.net

3. ПРЕКУ WETRANSFER (фајлови до 2 ГИГАБАЈТИ)

Кликнете на вебсајтот www.wetransfer.com и со кликање на копчето „I agree“ согласете со условите на користење. На новиот екран, кликнете на копчето „+Add files“ и селектирајте ги фајловите кои сакате да ги испратите (фотографија или видео) со големина до 2 ГИГАБАЈТИ.

Во полето „Friend’s email“ внесете [email protected] или [email protected], зависно од типот на материјал кој го испраќате (фотографија или видео).

Во полето „Your email“ внесете го вашиот емаил.

Во полето „Меssage“, на кратко опишете која локација се прикажува на прикачените фото/видео, како и кој ги испраќа.

На крај, кликнете на копчето „Transfer“ и почекајте фајловите да се прикачат и испратат.

4. ПРЕКУ ФТП СЕРВЕР (фајлови до 4 ГИГАБАЈТИ)

За да ни испратите материјали преку ФТП (File Transfer Protocol) сервер, претходно треба да имате искуство со користење на ФТП (File Transfer Protocol) протоколот. Доколку не знаете како да испратите, ве молиме да се консултирате со техничко лице.

Прво, симнете ФТП (File Transfer Protocol), на пример File Zilla – на следниот линк.

Откако ќе го инсталирате ФТП (File Transfer Protocol) client програмот, ве молиме користете ги следните податоци за најава:

slika

Нашиот тим постави посебни технички услови, така што со овие кориснички профили можете само да прикачувате фајлови на нашиот сервер, со големина до 4 ГИГАБАЈТИ.

Ве молиме, пред да прикачувате, да се консултирате со техничко лице кое има познавање и искуство со користење на ФТП (File Transfer Protocol) протокол.

ВНИМАНИЕ: При секое логирање со наведените кориснички профили на нашиот сервер се регистрира вашата IP адреса, адресата на хостот, локацијата од која сте пристапиле, оперативниот систем и датумот на логирање и исклучување.

Секој упад и злоупотреба на веб страницата и серверот со дадените кориснички профили е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија.

5. ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

ФЕЈСБУК: Со додавање на ознаката #EarthHourMK  во објавата (фотографија, видео) на вашиот фејсбук профил СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОСТАВУВАЊЕ НА ОБЈАВАТА КАКО ЈАВНА (PUBLIC).

ТВИТЕР: Со додавање на ознаката #EarthHourMK и @earthhourmk во објавата (фотографија, видео) на вашиот твитер профил

ИНСТАГРАМ: Со додавање на ознаката #EarthHourMK и @earthhourmk во објавата (фотографија, видео) на вашиот инстаграм профил (СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОСТАВУВАЊЕ НА ВАШИОТ ПРОФИЛ КАКО ЈАВЕН)

Следи нѐ секаде!

youtubeinstagram