Петта година по ред Македонија е дел од Часот на планетата Земја

Added by Earth Hour Macedonia on 15th March 2014 in the category Прес.

Петта година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја, во која оваа година учество ќе земат над 154 држави ширум светот.

Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата.

Оваа година, акцијата се одржува на 29 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 154 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.

Интересно е што оваа година, за разлика од изминатите, Македонија се вклучува во акцијата со своја сопствена медиумска кампања за спас на планетата Земја, каде главните суперхерои се познатите личности од Македонија и регионот, кои ја даваат својата порака за вклучување во акцијата.

web

– “Македонија може со гордост да се пофали дека е дел од најголемата светска волонтерска акција. Се вклучуваме во Часот на планетата Земја петта година по ред, но прва година со своја медиумска кампања во која добиваме поддршка од многу познати личности од Македонија и регионот. Мотото на акцијата вели: нашата моќ е зголемена, засилена и глобализирана кога сите заедно ќе се обединиме во една иницијатива, посебно кога станува збор за најголемата светска волонтерска акција!“ – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата Часот на планетата Земја во Македонија.

Видеата од македонската медиумска кампања, која го носи името “Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“, можете да ги погледнете со клик тука.

– “Навистина сум среќен што оваа година во кампањата се вклучуваат и скопските општини, поточно општината Аеродром, која веќе трета година по ред ќе го исклучи осветлувањето на трите најголеми паркови на својата територија, и општината Кисела Вода, која годинава за првпат влегува во акцијата Часот на планетата Земја. Би сакал да испратам јавен апел до градоначалниците и на останатите општини во Скопје и републиката, како и до градоначалникот на град Скопје да се вклучат и нивните општини во Часот на планетата Земја, и да го исклучат осветлувањето на спомениците за време на настанот.“ – дополни Селков.

Во продолжение погледнете ја официјалната видеореклама од светската медиумска кампања за акцијата оваа година:

Следи нѐ секаде!

youtubeinstagram