Одбележан Часот на планетата Земја во Македонија!

Added by Earth Hour Macedonia on 20th March 2016 in the category Прес.

Големото одбележување на Часот на планетата Земја во Македонија стана хит низ целиот свет!

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео во кое е објавен видео инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје.

Исто така, беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од централната манифестација во Скопје, каква што само добија и Шпанија, Франција, Сингапур, Велика Британија, но и Македонија.

– „Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена. Над 66 локации потонаа во мрак за Часот на планетата Земја. Во нашиот медиа центар пристигнаа над 3000 фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и сме навистина среќни што охрабривме толку голем број на луѓе да ги исклучат светилките во своите домови! Ова немаше да биде успешно без поддршката на Градот Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, УНДП Македонија и ЕВН. – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

 

Следи нѐ секаде!

youtubeinstagram